Ивана Кнез: „Сѐ уште учам како да не ми е страв од порција шпагети со чаша вино во 21 часот навечер“

„Јас се плашев од храна, од оброци за двајца преминував на броење калории во вода. Не си се лутам, нас овде така нѐ учат не знаев поинаку“, вели во својата емотивна исповед дизајнерката Ивана Кнез.

ivana-knez-s-ushte-ucham-kako-da-ne-mi-e-strav-od-porcija-shpageti-so-chasha-vino-vo-21-navecher-01.jpg

Дизајнерката Ивана Кнез отсекогаш била отворена на секоја тема, па така и овојпат на својот Инстаграм профил искрено проговори за своите несигурности и борбата со килограмите.

ivana-knez-s-ushte-ucham-kako-da-ne-mi-e-strav-od-porcija-shpageti-so-chasha-vino-vo-21-navecher-04.jpg

Искрената исповед на Ивана Кнез:

Не знам дали им е лесно на фитнес тренерите со совршени тела кои ти велат Абе можеш ти лесно е ајде. Живееме во момент кога огледало е оној спроти тебе и очајно и упорно се трудиме да ја задоволиме таа рефлексија. Откако знам за себе водам борба со тоа колку килограми имам и многу често ја губев таа битка.

Сѐ до оваа година 2020, годината која ја промени глобалната социјална свест и од нас извади и најлошо и најдобро. Јас се плашев од храна, од оброци за двајца преминував на броење калории во вода. Не си се лутам, нас овде така нѐ учат не знаев поинаку.

Никој не успеа да ме научи дека јадеш онолку колку што ти се јаде нормално, ги слушаш потребите на сопственото тело, вежбаш заради создавање на природен имунитет пред сѐ и одржување на виталност, пиеш вода за да му помогнеш на телото со детокс, јадеш квалитетна храна за да задоволиш непце.

Не јадеш затоа што не ти пратил порака или пак те отпуштиле од работа или пак семејството те малтретира. Јадеш затоа што на телото му е потребна енергија, а хедонист како мене одбира да јаде нешто со бескрајни вкусови и мириси кое буди сеќавања и те чува од гојазност. 

ivana-knez-s-ushte-ucham-kako-da-ne-mi-e-strav-od-porcija-shpageti-so-chasha-vino-vo-21-navecher-02.jpg

На мои грешки научив како не треба, а по цена на здравје дознав што е тоа што на моето тело му треба. Сѐ уште учам баланс, сѐ уште учам како да не ми е страв од порција шпагети во 21 навечер со чаша јебежливо вино, ама си ветив на себе дека ќе си дозволам слобода и дека само и единствено за себе ќе ја добијам формата на тело кое јас го посакувам.

Огледалото ќе бидам јас и само пред себе одговарам. Мал совет од мене за секоја една од вас што се бори со лични демони - чипкан веш, два броја помал фустан кој ќе ве чека да ја остварите вашата замисла, отфрлени сокови и брза храна готвење сами и многу вода со лимон, вежби без стрес, полека и со многу трпение и љубов кон себе ќе ве постават на трајна цел, а тоа е да си го сочуваш телото без да ја изгубиш душата.

Намасте прекрасници мои, секој ден е борба но секој миг во неа вреди.“

https://www.instagram.com/p/CIu215jLKpD/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg