Во кои македонски градови се крши пита или лепче со паричка за „Василица“?
- Детали
- четврток, 13 јануари 2022
Во кои градови за Василица се крши пита или лепче со паричка? Пишете ни во коментар каква е традицијата во вашиот град или во вашето семејство?
Семејствата во поголем број македонски градови кршеа лепче со паричка за Бадник, а семејствата во некои други градови пак сè уште ја негуваат традицијата да кршат вртена пита или лепче со паричка за Стара Нова година или за „Василица“.
Вечерта на 13-ти спрема 14-ти јануари православните христијани ја дочекуваат Нова година според Јулијанскиот календар, а на 14-ти се слави празникот свети Василиј Велики, кај народот познат и како „Василица“.
Освен Македонската Православна Црква, според овој календар се водат и Српската и Руската Православна Црква.
Празникот „Василица“ многумина го слават и како домашна слава, а оние што го носат името Васил, Васе, Васка на овој ден чекаат именден.
Традицијата во некои градови во Македонија, како Битола, Охрид, Струга, е вечерта на Стара Нова година и за „Василица“ да се крши вртена пита или лепче со паричка.
Во кои други градови за оваа вечер се крши пита или лепче со паричка? Пишете ни во коментар каква е традицијата во вашиот град?
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com