Битолчанката Шијакоска по земјотресот: „По ова нема повеќе никогаш исто да гледам на животот“
- Детали
- понеделник, 10 јануари 2022
„Па, таа глетка на родители како трчаат по скали со дечињата во раце. Застрашувачки. Се јавив кај семејството да видам дали се добри...“, пишуваше Александра Шијакоска за време на земјотресот од Лерин, кој силно се почувствува и во нејзината родна Битола, како и во други градови низ Македонија.
Александра Шијакоска, инфлуенсерка од Битола со 48.000 следбеници, вчера на Инстаграм Стори по земјотресот кој најсилно се почувствува токму во нејзината родна Битола искрено споделуваше како се чувствува.
Вчеравечер беа регистрирани два посилни земјотреса и тоа од 5,6 степени според Рихтеровата скала (22:43 часот) и 5,3 степени во 22:53 часот.
Земјотресите беа со епицентар во близина на Лерин, Грција, и се почувствува и во Скопје, но најсилно во Битола. Граѓаните во Битола ги напуштале домовите, а на дел од куќите има и мали материјални штети од типот на напукнатини. Некои вознемирени граѓани спиеле и надвор од своите домови.
Објавите на Шијакоска за време на земјотресите:
„После ова денес нема повеќе никогаш исто да гледам на животот.“
„Па, таа глетка на родители како трчаат по скали со дечињата во раце. Застрашувачки. Штом се јавив кај семејството да видам дали се добри, сакав и тука да напишам да проверам дали сите се добри. Многу ми е полесно кога ќе кажам нешто тука. Ми олеснува малку. Се надевам дека сите сте добри, поминавме со лесно. Следен пат се надевам дека ќе знам подобро да се справам.“
„Си дојдов кај сестра ми, сè е добро, сите сме добро. Фала ви на грижата. Помина сè. Нека нè чува Бог сите.“
„Се надевам дека сите се добри. На некои места било уште полошо.“
„Расположение – лоши емоции.“
С. С. | Црнобело