Емотивна објава на Панчо од ДНК: „Многу луѓе ќе ти дојдат на погребот бидејќи им значиш, но светот нема да застане по тебе“
- Детали
- среда, 22 декември 2021
„Живееш, ама еднаш ќе умреш…Многу луѓе ќе дојдат на погребот бидејќи им значиш. Некои ќе дојдат и од многу далеку, некој ќе земат и слободен ден од работа само да стасаат на твојот погреб и тој ден ќе бидеш во центарот на вниманието“, ја започнува Панчо од ДНК својата објава.
фото: Фејсбук Владимир Блажев
Панчо и Андреј од ДНК никогаш не мируваат, тие постојано се дел од некакви хуманитари акции и велат дека важно е да помогнете колку што можете и дури и тоа да сметате дека е малку, треба да запомните дека за некого е многу.
Дека во животот е најважно пред сè да бидете добар човек, а дури потоа сè останато се обидува да долови Панчо во неговата најнова објава на Фејбук, која вирално се споделува.
Емотивната објава на Панчо од ДНК:
Живееш, ама еднаш ќе умреш…
Додека живееш, факт дека треба да водиш грижа за своето тело но не премногу.
Кога ќе умреш, твоите најблиски според нивните можности ќе се погрижат за твоето тело.
Ќе те пресоблечат и облечат, ќе те спремат за погребот за достојно да те испратат на другата страна.
Многу луѓе ќе дојдат на погребот бидејќи им значиш. Некои ќе дојдат и од многу далеку, некој ќе земат и слободен ден од работа само да стасаат на твојот погреб и тој ден ќе бидеш во центарот на вниманието.
Потоа твоите најблиски ќе се погрижат за твоите работи, меѓу нив ќе бидат и некои за кои си бил многу поврзан.
Некои од работите ќе ги задржат, некои ќе ги подарат, некои ќе фрлат. Твојата облека, клучеви, алат, книги, патики, сувенирите кои си ги собирал од најразличните патувања…
Едно е сигурно, светот нема да застане затоа што веќе те нема.
На твоето работно место ќе те замени некој нов лик, твоите куќни обврски ќе ги преземе друг, сè што си поседувал ќе припадне на твоите наследници.
Твоите најблиски ќе плачат и тажат неколку дена, можеби недели, месеци…
Но тоа што исто така е сигурно, насмевката и радоста кога тогаш повторно ќе им се врати.
Ако си имал домашни миленици со време ќе се навикнат на новите сопственици.
Твоите фотографии полека ќе се тргаат од полиците и ќе се заменуваат со други, а твоите ќе завршат некаде најдоле во некоја фиока.
Некој друг ќе лежи на твоето омилено место на каучот и ќе јаде на столот кој бил резервиран само за тебе. Тагата во твојот дом ќе трае недела, месец-два или година-две.
Тогаш ќе останеш само во сеќавање.
Потоа твојата приказна ќе заврши.
Ќе заврши помеѓу луѓето на овој свет.
Но затоа ќе започне онаа во задгробниот живот. Вредност ќе изгубат: телото, изгледот, презимето, кредитите, државата, статусот и положбата, сметката во банка, автомобилот, дипломата, трофеите, пријателите, фамилијата…
Запамтете, од овој свет со себе не можете да земете ништо од она што сте го стекнале низ животот.
Едно е 100% сигурно, и цар и говедар завршуваат на исто место. Луѓето не треба да ве паметат по тоа што сте постигнале и направиле, треба да ве памтат како добар човек, само така ќе станете бесмртни!!
Помагајте, сакајте, љубите, бидете чесни и радувајте му се на секој нов ден како да ви е последен. Животот е само ваш и реприза нема.
Живееш, ама еднаш ќе умреш….. Додека живееш, факт дека треба да водиш грижа за своето тело но не премногу. Кога ќе...
-->-->Posted by Vladimir Blazev on Tuesday, December 21, 2021
С. С. | Црнобело