Весна Петрушевска, по смртта на татко ѝ: „Те сакам тато, ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама“
- Детали
- четврток, 09 декември 2021
„Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас, со внуците.... Ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Сашка.“, гласи дел од емотивната објава на Весна Петрушевска за нејзиниот татко, кој утрово починал.
Весна Петрушевска на својот Инстаграм профил ја сподели тажната вест дека нејзиниот татко Кирил починал утринава (09.12).
На својот Инстаграм профил таа напиша:
Драги пријатели и роднини, утрово мојот најмил „деди“ Ќирил Петрушев почина во 6:30
сабајле.
Ги известуваме сите пријатели кои сакаат да се поздрават со Кики може да дојдат во сабота на 11-ти декември во капела од 12-13 часот во Бутел во една од нивните капели.
Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да ни недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов.
Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас, со внуците Ема, Јана, Мина и Кирил, со зетот Џоле, со Вики.... Ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Сашка, вечни тинејџерии прва љубов која инспирираше. Те сакаме бескрајно! Нека ти е светол патот татичко, одмори се.“
С. С. | Црнобело