Вози мотоцикл, има фит тело: Андријана Јаневска го прослави 40-тиот роденден - горда на природниот изглед (фото)
- Детали
- вторник, 07 декември 2021
„40 лета, но духот не старее. Вака-така, поминав 4 банки во ова антитело. Горда сум што успеав да одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување. Сакам секоја брчка да ме потсетува на дел од мојот живот, на убавите, но и тажните спомени, зашто мои си се, тие се врежани во мене, тоа сум јас.“
Андријана Јаневска вчера (06.12) го прослави 40-тиот роденден. Нашата пејачка и музичарка откри дека е горда што успеала да одолее на трендот на интервенции за разубавување и што нејзиниот изглед се должи само на мајката природа.
Таа обожава да вози мотоцикл и изгледа навистина фит.
На својот Инстаграм профил објави фотографија по повод роденденот и напиша:
„40 лета, но духот не старее. Мислам дека тој расте и созрева до одредена возраст, а потоа си е ист.
Вака-така, поминав 4 банки во ова антитело. Горда сум што успеав да одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување.
Да се разбереме, немам ништо против. Сите кои ме познаваат знаат дека сум многу либерална и ги прифаќам сите луѓе такви какви што се.
Сепак, сакам секоја брчка да ме потсетува на дел од мојот живот, на убавите, но и тажните спомени, зашто мои си се, тие се врежани во мене, тоа сум јас.
И покрај сите снимени песни, настапи, концерти, претстави и положени испити, мој најголем успех се моите два сина кои ја дадоа смислата на сето погоре набројано.
Затоа и овој јубилеен роденден го поминав во нивно друштво. Ви благодарам на сите за честитките, ве сакам и почитувам.“
Повеќе фотографии од Андријана Јаневска:
С. С. | Црнобело