Вирален статус по несреќата со автобусот: „Тажно е што само во трагедии се сеќаваме што е важно во животот“
- Детали
- среда, 24 ноември 2021
„Дали сме доволно добри? Дали доволно љубиме? Тажно е што само во трагедии се сеќаваме што е важно во животот и брзо продолжуваме по старо...“, гласи виралниот статус кој кружи кај нас на социјалните мрежи.
Кога ќе се случи некоја огромна трагедија, како оваа со сообраќајната незгода на автобусот во Бугарија, во која многу лица го загубија животот, тогаш малку се освестуваме дека работите ги земаме здраво за готово и дека не го цениме животот.
Едноставно, не живееме со полн здив, не сакаме доволно, не правиме сè што е во наша моќ за да блеснеме на секое поле и да останеме запаметени по добро.
Вирален статус на Македонец на темава кружи на социјалните мрежи.
Статусот на Божидар Божиновски:
„При вакви трагедии човек секогаш прави и интроспекција на својот живот, на минливоста на истиот, крајот кој е неминовен, а некогаш и толку грубо и неочекувано доаѓа.
Дали сме доволно добри? Дали доволно љубиме? Дали нашето постоење го прави светот малку подобар?
Што ќе остане после нас ако бидеме вака прекинати, со недокажани зборови, премолчени љубови, фокусирање на ситни проблеми кои ги правиме да изгледаат како товар што не се носи… Ги губиме дните за ко ќе е доцна да ни остане само каење.
Бидете добри, кон сите, гушнете ги блиските, саканите, децата, јавете се на оние кои долго ги немате слушнато, кажете „те сакам”, „ти простувам”, „прости ми”…
Тажно е што само во трагедии се сеќаваме што е важно во животот и брзо продолжуваме по старо.“
При вакви трагедии човек секогаш прави и интроспекција на својот живот, на минливоста на истиот, крајот кој е неминовен,...
-->Posted by Божидар Божиновски on Tuesday, November 23, 2021
С. С. | Црнобело