Елена Ристеска доби награда во Србија – на црвениот тепих позира со Бојан Маровиќ
- Детали
- четврток, 11 ноември 2021
„За жал, во мојата земја сè помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности. Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство, тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот“, напиша Елена Ристеска.
Елена Ристеска вчера (10.11) ја доби наградата „Личност на годината во светот на поп музиката” во Сокобања, Србија.
На настанот се појави во елегантно издание со кусо црно фустанче со бели детали.
Откри дека најмногу уживала со нејзиниот колега, пејачот Бојан Маровиќ.
На својот Инстаграм профил таа напиша:
„Вчера бев прогласена за „Личност на годината во светот на поп музиката” и се закитив со уште една статуетка или награда како една од 7-те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија.
Уште една награда на моите полици дома, меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19 години музичка кариера.
За жал, во мојата земја сè помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности.
Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство, тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот.
Благодарам и на прекрасниот Бојан Маровиќ за дружбата, тој е мој брат, а не колега или другар. И благодарам за убавото интервју на Сузана Манчиќ.“
С. С. | Црнобело