Како изгледаат напорните тренинзи на Катарина Ивановска (33) за фит изглед? (видео)
- Детали
- среда, 27 октомври 2021
И по две породувања, Катарина Ивановска е во топ форма. Во што се крие тајната на нејзиниот фит изглед?
Катарина Ивановска веќе години наназад е во топ форма. И по двете деца, 33-годишниот модел е во совршена телесна форма.
Но, покрај добрите гени, за нејзиниот изглед заслужни се и напорните тренинзи.
Периодов нејзин персонален тренер е бодибилдерот Мирко Петровски.
Со видео од фитнес центарот тој покажува како Катарина прави тренинзи за нозете.
„Една од најефективните изолациони вежби за глутеусот. Препорачувам доколку сакате да го зголемите волуменот на глутеусот работете ја вежбата со поголемо оптеретување и помал број на повторувања (6-10). Изработете 3-4 серии со пауза помеѓу нив од 1 до 3 минути.
Доколку сакате да постигнете обликување и да ги намалите масните наслаги изработете ја вежбата со мало оптеретување и поголем број на повторувања (над 15), повеќе серии и кратка пауза помеѓу сериите (максимум 30 секунди).“, препорачува Мирко Петровски.
На второто видео фокусот е на горниот дел од телото.
„Со овој тренинг се опфатени сите мускули на горниот дел на телото. Препорачувам сите вежби да се изедуваат во кружен тек без пауза меѓу нив (доколку имате потреба од пауза потрудете се да биде што пократка).
Со овој вид на тренинг го обликувате вашето тело, а во исто време го согорувате вишокот поткожно масно ткиво.“, вели Мирко.
С. С. | Црнобело