Катарина Ивановска во Италија со сопругата на Атанас Атанасовски: Од Венеција, на скијање во Корвара ин Бадија
- Детали
- четврток, 22 февруари 2024
Македонскиот топ модел Катарина Ивановска и нејзината блиска пријателка Александра, уживаа на скијање и прошетка низ Италија и велат „Блазе си ни“.
Моделот Катарина Ивановска и Александра, партнерката на актерот Атанас Атанасовски, поминаа неколку дена во Италија.
Тие прво беа во Венеција, па уживаа во еден од најпосетените туристички градови во Италија - се возеа во гондола, се прошетаа по најпрометните улички на градот и се фотографираа на некои од најпознатите локации.
Оттаму, двете девојки заминаа на скијање во Корвара ин Бадија.
Ова е планинско место во северниот дел на Италија, кое се наоѓа на околу 40 километри од градот Болцано, а е на надморска височина од 1.532 метри.
Александра не пропушти да сподели неколку заеднички фотки и видеа и да покаже како се забавуваат додека се на зимување.
„Блазе си ни“, напиша таа на фотките на Инстаграм, а Катарина во коментарите додаде дека си поминуваат преубаво.