6 причини кои ќе ве натераат да почнете со штедење + совети како да не ја потрошите цела заштеда

Организирање големи настани во животот, реновирање и купување дом без стрес, чувство на сигурност дека имате нешто на страна за итни ситуации – ништо од ова не е возможно ако ја трошите платата до последен денар, па како полесно да заштедите за среќна иднина, плус како да го научите детето да штеди?

6-prichini-koi-kje-ve-nateraat-da-pochnete-so-shtedenje-vednash-kako-da-ne-ja-potroshite-cela-zashteda-01.jpgфото: freepik.com / depositphotos.com

Знаеме дека динамичниот начин на живот и трошоците некогаш не дозволуваат да ставите приоритет на штедењето, но со мали чекори може да направите големи промени.

Колку пати сте помислиле дека би било добро да имате нешто на страна што може да ви користи да си ги исполните соништата, да си го овозможите лесно најсреќниот ден од животот или да се извадите од некоја итна ситуација, без притоа да мора да се ставате во несакани долгови и жртви.

Октомври е месец на штедење и одличен месец за промени. Време е да ги промените навиките и да преземете нешто околу стабилна финансиска состојба во иднина.

Дополнително, можеби е време да ги научите и вашите деца да штедат од мали нозе. Има одлични можности за кои може да прочитате во продолжение... 

По повод месецот на штедење, Халкбанк го активира Промо Депозитот, со најдобри каматни стапки во промотивниот период од 01.10 до 31.10.2021 година. На вашето дете пак, отворете му  депозит за детско штедење во Халкбанк, со што ќе добие дизајнирана детска штедна книшка и подарок од слончето ХАЛКИ.

Ако уште не сте убедени, прочитајте неколку причини зошто да почнете да штедите уште сега (Вие и Вашето дете) и како да го постигнете тоа.

6 причини зошто да почнете да штедите од сега:

1. Ќе имате финансиски средства за организирање големи моменти и настани во животот, без да се грижите и „стискате“ дали може да си дозволите голема свадба или друга прослава.

2. Ќе можете да си дозволите големи купувања, инвестиции, реновирања, купување дом и слично. Многу е полесно да се одлучите на ваков чекор ако имате некаква заштеда.

3. Ќе имате слобода полесно да ги остварите соништата во иднина, посебно доколку станува збор за свој бизнис, патување кое сте го посакувале отсекогаш и што и да посакате.

4. Секогаш ќе имате нешто на страна за итни ситуации или „црни денови“, без да мора да позајмувате од никого доколку (не дај Боже) се најдете во некоја ситуација.

5. Ќе имате долгорочно чувство на безбедност и нема да живеете под стрес дали ќе имате доволно за што и да посакате во иднина. 

6. Ќе оставите финансиско наследство.

6-prichini-zoshto-da-pochnete-da-shtedite-pari-vednash-i-zoshto-e-vazhno-da-go-nauchite-i-deteto-na-toa-03.jpgфото: depositphotos.com

Размислувате зошто Вашето дете би имало штедна книшка?

1. Ќе го научите од мали нозе на добри навики - да не ги троши сите пари и да ги собира во својата касичка. 

2. Ќе научи да ја цени вредноста на парите и да си зацртува цели во животот кои ќе може да си ги оствари со парите кои ги чува. 

3. Со финансиските средства ќе може да си дозволи да си ги оствари соништата и да научи дека може сам да го направи тоа, без да биде зависен од некого.

4. Ќе создадете финансиска стабилност за Вашето дете за да може самоуверено да почне да чекори низ животните предизвици.

6-prichini-zoshto-da-pochnete-da-shtedite-pari-vednash-i-zoshto-e-vazhno-da-go-nauchite-i-deteto-na-toa04.jpgфото: freepik.com

Совети како полесно да почнете со штедење и да успеете да заштедите:

1. Прво направете ги редовните плаќања сметки и трошоци за живот, а потоа трошете за шопинг и задоволство – така нема да потрошите повеќе од што треба и нема да се оставите без пари за основни работи и за заштеда.

2. Одредете колкава сума на пари можете да си дозволите да одвојувате месечно за штедење и истата одвојте ја уште кога ќе ви стигне платата (со траен налог), наместо да чекате нешто да остане на крајот на месецот – така веројатно ќе ја потрошите и планираната заштеда.

3. Отворете депозит за штедење во банка и орочете ги средствата на одреден период за да не ги потрошите следниот ден откако ќе решите да ги тргнете настрана, а за вашите средства одберете сигурен партнер.

6-prichini-zoshto-da-pochnete-da-shtedite-pari-vednash-i-zoshto-e-vazhno-da-go-nauchite-i-deteto-na-toa-05.jpegфото: freepik.com

Повеќе за Промо Депозитот на Халкбанк и условите може да прочитате ТУКА.

Повеќе за Детско Штедење - Халки и условите може да прочитате ТУКА.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg