Мала дама за восхит! Маргарита, со неполни 2 години, го вдоми кучето Теди кое талкаше по скопските улици
- Детали
- вторник, 05 октомври 2021
Теди повеќе не е бездомно куче кое талка по скопските улици и кое тагува по некогашната своја сопственичка, благодарение на малата преслатка Маргарита. Девојче со големо срце и совршен моден стил.
Фото извор: Лајка
Вчера (04.10) беше Светскиот ден на животните, а јавното претпријатие за третман на улични кучиња ЛАЈКА сподели прекрасна вест.
Тие објавија фотографии од нивниот најмлад вдомувач, односно од малата Маргарита која го вдоми кучето Теди и сега го дели секојдневието со него.
Емотивната објава за малата инспиративна дама:
„Светскиот ден на животните го одбележуваме со најслатката вдомувачка.
Ова е тандем како од филмовите, кој ги наполни нашите очи со солзи радосници, а нашите срца со неизмерна среќа.
Теди повеќе не е бездомно куче кое талка по скопските улици и тагува по својата сопственичка.
Слатката Маргарита која има неполни 2 години е нашиот најмлад вдомувач, а со својот нов најдобар пријател веќе се неразделни.
Искрено се радуваме на ваквите вдомувања.
Го поздравуваме овој гест на родителите кои уште од најрана возраст да ја развиваат љубовта и емпатијата кон животните кај својата најмила.
Воспитувањето во духот на хуманоста е една од највисоките вредности кои може да се развијат уште во детството на секое дете.“
Фотки од Маргарита и Теди, објавени од Лајка:
https://www.facebook.com/jplajkaskopje/posts/354642686443868
С. С. | Црнобело