Јорданка од Скопје е вистинска инспирација - на 71 година чита руски класици, не излегува без кармин од дома

„Читам многу книги, особено мотивациски книги и руски класици како Толстој. Моментално ја читам книгата „1984“ од Џорџ Орвел. Од 4-то одделение досега не се случило на ноќното орманче да немам книга“, раскажува инспиративната 71-годишна Јорданка Вуќелиќ од Капиштец за CRNOBELO.com, која секој ден пешачи најмалку 2 часа и без кармин не оди ниту до продавница.

zhena-od-skopje-e-vistinska-inspiracija-na-71-godina-chita-ruski-klasici-ne-izleguva-bez-karmin-od-doma-01.jpg

Има нешто посебно во негуваните жени, едноставно тие зрачат со љубов кон себе. Воодушевена сум од нив. А токму таква е Јорданка Вуќелиќ од скопската населба Капиштец.

Таа има 71 година и сè уште се води од модните правила кои си ги воспоставила уште во младоста – од дома да не излегува без кармин и со модните додатоци да ја комплетира секоја своја комбинација.

Средена однадвор, но уште побогата однатре. Вљубеник во пишаниот збор, кој целиот свој живот не заспива ако нема некоја книга на ноќното орманче и ако не прочита барем неколку страници на ден. Обожава мотивациски книги, а на пиедесталот убедливо ѝ се руските класици.

Родена е 1950 година и цели 33 години работела како стоматолошка сестра. Со својот сопруг ја прослави и златната свадба, односно 50 години брак. Има два сина, едниот има 50, а другиот 45 години.

zhena-od-skopje-e-vistinska-inspiracija-na-71-godina-chita-ruski-klasici-ne-izleguva-bez-karmin-od-doma-06.JPG

За својот моден стил за CRNOBELO.com:

„Мојот моден стил е класика, никогаш не сум носела нешто многу спортско или супер модерно, секогаш се држам до класичниот моден стил.

Сметам дека една жена треба секогаш да биде средена. Јас и кога одам до продавница секогаш сум средена затоа што не знам во моментот кој ќе ме сретне - може некој што одамна не сум го видела или пак некој кој првпат го запознавам, а првиот впечаток е многу важен за формирање на мислење за одредена личност.

zhena-od-skopje-e-vistinska-inspiracija-na-71-godina-chita-ruski-klasici-ne-izleguva-bez-karmin-od-doma-02.JPG

Исто така, кога не се чувствувам добро настојувам да се дотерам уште повеќе за да си ја покачам самодовербата и да си го подобрам егото. Секогаш се водам од мислата дека во животот сè се решава и никогаш не се предавам.

Омилени модни детали ми се свилената марама и накитот кој го бирам според гардеробата и пригодата. Дури и при најобичните секојдневни прошетки задолжително ставам нешто на вратот - кога е постудено марами, инаку ѓердани. Во студените денови носам и шубари на главата или некаков тип на шапка. За посвечени пригоди пак обожавам бисери и жолто злато. Носам и часовник, алки, прстени, обетки...

zhena-od-skopje-e-vistinska-inspiracija-na-71-godina-chita-ruski-klasici-ne-izleguva-bez-karmin-od-doma-04.jpg

На тема кое е нејзиното животно мото таа вели:

„На работите во животот гледам оптимистички, не поднесувам песимизам, дури и кога луѓето се песимистички настроени настојувам да се изолирам од нив за да не ми шират таква енергија, не сакам да ги прифаќам негативните мисли и вибрации.

На пример кога бевме болни од корона настојував да мислам позитивно, а по завршувањето на периодот на изолација и комплетното закрепнување веднаш излегов да се прошетам.

Секогаш ја гледам добрата страна на работите, затоа што сум свесна дека сè во животот има две страни и од нас зависи на која ќе се фокусираме.

Навистина не знаеме колку сме силни сè додека не дојдеме во ситуација силата да ни биде тестирана. Вистина е дека тоа што нема не те убие те прави посилен. Ја вадиш од себе целата сила и продолжуваш понатаму.

zhena-od-skopje-e-vistinska-inspiracija-na-71-godina-chita-ruski-klasici-ne-izleguva-bez-karmin-od-doma-05.jpg

Инаку, многу сакам патувања уште од младоста. Често токму јас бев иницијатор за да соберам друштво од работа или мои пријателки за да одиме некаде. Секогаш одев секаде каде што можев, но периодов поради пандемијата, за жал, не патуваме.

Мото ми е секогаш да му помогнам на послабиот, како медицинско лице имам желба ако видам некој да е послаб да му помогнам веднаш, без разлика дали станува збор за тоа да му дадам облека или да му дадам што било што му е потребно. На луѓето мора да им се најдеме кога им е најтешко.

zhena-od-skopje-e-vistinska-inspiracija-na-71-godina-chita-ruski-klasici-ne-izleguva-bez-karmin-od-doma-08.JPG

Околу тоа што ѝ е духовна храна таа вели:

„Читам многу книги, особено мотивациски книги и руски класици како Толстој. Моментално ја читам книгата „1984“ од Џорџ Орвел, политички роман којшто секој човек треба да го прочита.

Колку книги имам прочитано не може да се изброи. Од 4-то одделение досега не се случило на ноќното орманче да немам книга, не можам да живеам ако немам книга, некогаш читам и две книги паралелно.

Пробав да читам и од современата литература, но ретко која ме инспирира, ние постарите сме навикнати на класични и посодржајни дела што оставаат силен впечаток.

Неодамна одново си го прочитав и серијалот за сестрите Бронте.“

zhena-od-skopje-e-vistinska-inspiracija-na-71-godina-chita-ruski-klasici-ne-izleguva-bez-karmin-od-doma-05.jpg

На тема дали е физички активна:

„Многу сум активна, секој ден пешачам по 2 часа. Сама или со пријателка, до продавница или до локалниот парк, не го почнувам денот ако не прошетам барем малку и кога врне и кога дува. Не треба да се затвораме дома, особено ние возрасните ако не ги користиме нашите екстремитети и мозокот, тие ќе атрофираат.

Исто така многу готвам. Готвам секој ден за семејството, тоа ми е некој вид на хоби и издувен вентил.

Хоби ми беше и плетењето и тоа речиси 50 години. Сега поради очите не плетам, но имам исплетено многу шалчиња, џемпери, елечиња, блузи, везени чанти, ремени и што уште не. И тоа гледав да е нешто уникатно јас самата да го искреирам. Не сакам нешто што го има некој, туку нешто што јас самата ќе го смислам и направам.“

zhena-od-skopje-e-vistinska-inspiracija-na-71-godina-chita-ruski-klasici-ne-izleguva-bez-karmin-od-doma-07.JPG

Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна приказна или познавате и вие некоја личност што сметате дека е инспиративна, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg