По борбата со ракот Бомбакис ја отвори душата: „Ми велат, премлад си, 30 години имаш, што знаеш ти што е живот“
- Детали
- понеделник, 04 октомври 2021
„Ми велат, кој си ти да пишуваш книга...“ - Дечкото со картоните од Аеродром зад себе ја има најтешката битка во животот иако има само 30 години, напиша и книга за својот живот, но, за жал, сè уште постојат луѓе кои го напаѓаат – директно им се обрати на Инстаграм.
Кристијан Станковски од Аеродром познат како дечкото со картоните - Бомбакис, минатата година проговори за неговата битка со ракот.
Сега, кога слави речиси две години без рак тој објави книга насловена „Живот“.
Со емотивна објава на својот Инстаграм профил Бомбакис си ја отвори душата:
„Ми велат, премлад си, 30 години имаш, што знаеш ти што е живот, кој си ти да пишуваш книга, сѐ уште не си поминал ништо. Навредуваат, пцујат, без да те запознаат.
Но не им се лутам, не би бил „Позитива“ кога би се лутел. И јас бев таков пред да го сменам животот за 360 степени. Прекинав да судам, не му судам никому и не зборам за никој ништо сѐ додека не го запознаам човекот. После ќе процениш дали е добар или лош.
На некои луѓе животната линија им е мирна. За жал, јас овие 30 години имав доста тахикардии што ми ја носеа животната линија од крајност во крајност. Горе-долу, драги читатели. Немаше никаква средина. Ама така требало да биде.
Затоа, откако ќе ја прочитате оваа книга, вие ќе ме запознаете, тогаш ќе имате право и да ми судите.
Дел од средствата ќе одат во хуманитарни цели.“
https://www.instagram.com/p/CUj_RKXMAEJ/