Елена Ристеска 5 години по смртта на татко ѝ: „Само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не ѝ е до песна“
- Детали
- четврток, 30 септември 2021
„Знам дека си горд на мене и дека сè гледаш и сè слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката, но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не ѝ е до песна и затоа полесно ми е да работам нешто друго, а не музика.“
Елена Ристеска постојано истакнува колкава празнина чувствува по смртта на татко ѝ.
Сега, на својот Инстаграм профил таа објави стара фотографија со него по повод 5-годишнината од неговата смрт и упати емотивни зборови до него.
Нејзината објава:
„На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја нè напушти на 29-ти. И секогаш мислев дека на денот на починувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден.
„Полни” се сите денови со празнина. Ќе рече некој душите не нè напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам. Не сакам да прифатам дека те нема , ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука.
Знам дека си горд на мене и дека сè гледаш и сè слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката, но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не ѝ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку.
И затоа полесно ми е да работам нешто друго, а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш , ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат.
Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам…
Не постои љубов како твојата ТАТО!“
Повеќе фотки од Елена и нејзиниот татко:
С. С. | Црнобело