Запознајте го македонскиот Џанлука Ваки – 46-годишен скопјанец со специфичен моден стил (фото)
- Детали
- вторник, 28 септември 2021
Вози италијанска веспа, обожава пури и има низа тетоважи на себе, а со седата коса и специфичниот моден стил навистина наликува на славниот Италијанец Џанлука Ваки. Најгорд во животот е на двете прекрасни ќерки и сопругата со која е 22 години во брак, открива тој за CRNOBELO.com...
Неодамна случајно на социјалните мрежи наидовме на фотографии од еден скопјанец кој неодоливо нè потсети на славниот Италијанец Џанлука Ваки.
Од специфичниот моден стил и тетоважите до кусата седа коса и фотографиите кои покажуваат дека уживањето во животот му е клучното мото, тој навистина нè потсети на италијанскиот бизнисмен. Вози италијанска веспа, обожава пури и има низа тетоважи на себе.
Не можевме, а да не го исконтактираме и да го прашаме дали и други го споредуваат со Ваки.
Италијанецот Џанлука Ваки
Откривме дека станува збор за 46-годишниот Ненад Стефановиќ од Скопје, кој е сопственик на агенција за организирање на промотивни настани и работи како менаџер на низа локали низ Скопје.
Тој ни откри дека најмногу сака италијанска гардероба, а омилени му се специфичните модни парчиња.
Најмногу внимание посветува на тоа да изгледа уредно и секогаш при бирање на стајлингот се води од моменталното расположение.
Главен моден детаљ му се алките, ланчињата и часовниците, а вљубеник е и во уникатни модели на чевли и патики.
На себе има 5 тетоважи од кои омилен му е фениксот на Ливерпул од левата страна до срцето, посветен на фудбалскиот клуб чиј страстен навивач е години наназад. Вели дека Ливерпул го носи во срцето и навивањето за него е традиција од која никогаш нема да се откаже.
Ненад Стефановиќ (лево), Џанлука Ваки (десно)
Уште од 18-годишна возраст е активен низ скопските локали, почнувајќи како келнер и шанкер и продолжувајќи како менаџер на истите.