Ивона Јо, еден месец по операцијата на желудникот: „Збогум 20 килограми ќе се видиме - никогаш!“
- Детали
- понеделник, 27 септември 2021
„Збогум 20 килограми ќе се видиме - никогаш! Денес славам 1 месец постоперативно! Како се чувствувам...?“, раскажува Ивона Јо еден месец по операцијата.
Македонската инфлуенсерка Ивона Јо еден месец по операцијата за кратење на желудникот ги извести своите следбеници на Инстаграм како напредува процесот и со нив ја сподели среќната вест дека ослабела 20 килограми.
Фото: Инстаграм Ивона Јо
Објавата на Ивона за нејзината извојувана победа:
„Една од најголемите победи во животот е сопствената победа! Победа која значи живот.
Збогум 20 килограми, ќе се видиме - никогаш!
Денес славам 1 месец постоперативно!
Како се чувствувам? Обновено и видливо среќно. Цел месец се трудев да воспоставам контакт со себе и да научам за добрите и лошите навики во исхраната.
Фото: Инстаграм Ивона Јо
Имаше кризи во кои видов кои моменти предизвикуваат слабост кај мене.
Порциите се малечки, но редовни и полни со витамини, протеини, масти и ќе залута некој јаглехидрат.
Фото: Инстаграм Ивона Јо
Секој кога ќе ме сретне ме прашува: Ивона како си? Мојот одговор е секогаш „Фала му на Бога и на универзумот енергично и добро“.
Многу ми беше важно да ја вратам енергијата за да почнам да ги извршувам нормално секојдневните активности (а за скоро време ќе се вратам и на настапи).
Визуелната слика е видлива, но внатрешното задоволство е уште поголемо и најважно за мене. Крвната слика како на бебе. Кон тоа и се стремев.
Се гледаме нареден месец со новости.“
https://www.instagram.com/p/CUSqSQvMcqA/
С. С. | Црнобело