Лила во провокативно издание, Каролина и Калиопи со песна - Честитки по повод 8-ми Септември
- Детали
- среда, 08 септември 2021
Лила Филиповска објави фотографии во провокативно издание, а познатите македонски пејачки со песна и фотографии го честитаат Денот на независноста на нашата татковина, 8-ми Септември.
Македонија денес (08.09) слави 30 години од независноста, а по тој повод поголем број познати личности упатија честитки на социјалните мрежи.
Познатата ТВ водителка Лила Филиповска објави фотографии до кои напиша:
„Среќен празник моја Македонијо “.
Каролина Гочева објави видео во кое на пијано ја изведува нејзината позната песна „За нас“.
Калиопи сподели видео од изведбата на нејзината песна „На пат до Македонија“, а во описот го стави текстот на песната.
Елена Ристеска објави фотографии од нејзиниот настап на Евровизија во 2006-тата година, но и повеќе други фотографии и видеа, а до нив напиша:
„Каде и да одам секогаш Македонија во срцето ја носам. Среќен празник, среќен Ден на независноста на Македонија!“
Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов во свој стил на Инстаграм упати честитки.
Тамара Тодевска објави фотографии направени на скопската тврдина Кале, до кои напиша:
„Нека ни е честит Денот на независноста. Македонијо, татковино моја, те сакам бескрајно.“
Антониа Гиговска објави видео во кое ја изведе песната на Пепи Бафтировски, „Ако згрешам нека изгорам“ и до него напиша:
„Среќен роденден земјо моја, вечна да си Македонијо моја“.
Панчо и Андреј од ДНК објавија видео во кое ја отпеаја химната:
Б. С. Б. | Црнобело