Русинка, мажена во Македонија, открива како ја доживува нашата држава низ фотки на Инстаграм
- Детали
- сабота, 04 септември 2021
Руската блогерка Оља, која на Инстаграм објавува фотографии под псевдонимот @olyapronya веќе една година е омажена во Македонија, а редовно споделува фотографии од местата што ги посетува.
Без влакна на јазикот, таа го опишува животот во Македонија и што е она што ѝ пречи во начинот на живот, во поглед на администрацијата и начинот на живеење, но во сите фотографии сепак успева да ја долови и убавината на просторот што ја опкружува.
„Утро и есен! Прекрасно е чувството! Иако сè уште имаме летни температури, само помислата на годишното доба што доаѓа ме расположува. Кафето е највкусно во ‘златното годишно време’ нели?“ – пишува таа до нејзината најнова објава.
Како што појаснува во еден од нејзините постови таа прво ја посетила Македонија заедно со нејзиниот сопруг кој тогаш ѝ бил вереник, но по истекувањето на тримесечниот период колку што ѝ бил дозволен престој, таа не добила дозвола за продолжување на престојот поради што морале да стапат во брак порано од планираното.
Оља веќе една година живее во Македонија, но како блогерка која посетила 69 земји, самата признава дека на почетокот мошне ѝ било тешко да се навикне на македонскиот менталитет и на македонскиот начин на живот.
Како што вели и самата, начинот на живот на којшто ние сме навикнати, за неа бил сосема невообичаен и несфатлив.
Сепак Оља во последниот период заедно со сопругот Митко шета низ повеќе места на Македонија, а оттаму објавува прекрасни фотографии.
Погледнете дел од нив:
Погледнете повеќе фотографии на следната страна...