Каролина Гочева повторно во совршено модно издание - овојпат со впечатливо зелено здолниште
- Детали
- четврток, 02 септември 2021
Каролина со право можеме да ја наречеме една од најдобро облечените јавни личности во Македонија. И овојпат од фризура до стајлинг, изгледа совршено.
Каролина Гочева направи моден погодок на настап во склоп на манифестацијата Карпошово културно лето 2021, кога ја видовме во елегантно, префинето, но и секси издание.
Сега, таа повторно се појави во совршен аутфит, овојпат на настап во Куманово. Со макси зелено здолниште и коса во ретро бранови, таа изгледаше совршено.
За нејзините стајлинзи години наназад се грижи нејзината соработничка Цаци Паковска, а Каролина со право можеме да ја наречеме една од најдобро облечените јавни личности во Македонија.
Прочитајте и Секси, префинета и елегантна: Каролина Гочева направи моден погодок на настап во Скопје (фото)
С. С. | Црнобело