Барање од Трговските центри и трговците за ревидирање на новите мерки на Владата на РСМ

Дозволете ни да го изразиме нашиот став во врска со најновите мерки и протоколи донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија.

baranje-od-trgovskite-centri-i-trgovcite-za-revidiranje-na-novite-merki-na-vladata-na-rsm-01.JPG

Уште од самиот почеток на пандемијата, во март 2020 г., трговските центри во земјата ја изразија својата огромна поддршка во борбата против Ковид-19. И покрај тоа што трговските центри и закупувачите претрпеа големи загуби, како од финансиски, така и од човечки аспект, сите барања, прописи и протоколи беа бескомпромисно имплементирани и со најголеми заложби за општата безбедност.

Но, сегашната ситуација е сосема променета.

Сега, перцепцијата на трговските центри и на луѓето што работат во нив е како да се тие причина за ширењето на вирусот, иако фактите говорат поинаку. Имено, во периодот кога немаше рестрикции за невакцинираните посетители, бројот на заболени беше дури под 5, што е апсолутен показател за тоа дека трговските центри не се места каде што се шири вирусот. И додека трговските центри и трговците се обидуваат да застанат на нозе од големиот удар и да ги надоместат големите загуби, оваа одлука само ќе придонесе за целосно уништување на секторот.

Трговските центри се места во кои се следат сите строги протоколи и мерки на претпазливост:

  • Задолжително носење маски;
  • Ограничувања на бројот на посетители во продавниците;
  • Нова редарска служба, која овозможи и нови вработувања;
  • Сигнализации за одржување на растојание;
  • Сигнализации за одредување насока на движење;
  • Достапност на средства за дезинфекција на речиси секој чекор;
  • Распоред за дезинфекција на сите места на контакт со посетители;
  • Редовна хигиена и дезинфекција на сите системи за вентилација.

Ако го земеме сето ова предвид, дозволете ни да го искажеме нашиот искрен револт, бидејќи трговските центри не може да сносат вина за ниските стапки на вакцинирање, од една страна, и масовноста и агресивноста на делта-варијантата и сѐ поголемите бројки на заразени, од друга страна. Во ситуација во која токму трговските центри апелираа за кампања за подигнување на јавната свест за вакцинација, околу нас се случуваше следното:

  1. Организација на настани и свадбени прослави;
  2. Повици за присуство на концерти, фестивали и други настани;
  3. Влез на странски државјани без доказ за вакцинација и негативен ПЦР тест.

Ако Владата на РСМ смета дека рестрикциите за трговските центри се вистинскиот и најдобриот начин за мотивација на граѓаните за вакцинирање, и притоа таквата одлука е обмислена, најавена и конструирана со период за анализа и подготовка, тогаш ние на драга волја би ја поддржале таа одлука, во име на излез од кризата. Но, не и во ваков случај. Не можеме ние, и единствено ние, трговските центри, да бидеме одговорни за ниската стапка на вакцинирани.

Она што го гледаме ширум Европа можеби делува слично, но не е. Одлуките беа донесувани со најава и подготовки, а беа поддржани со силни кампањи за подигнување на јавната свест за неопходноста од вакцинирање. Притоа, речиси сите земји имаат рестрикции за влез и рестрикции за настани, а немаат рестрикции за влез во трговски центри. Тоа е случај во многу мал број на земјки каде што има малку рестрикции околку трговските центри. Исто така, во голем број земји, трговските центри соработуваат со владите и самите тие функционираат како пунктови за вакцинација.

Се најдовме во сосема друга, непосакувана ситуација. Се доживуваме како казнети, а реалноста е дека трговските центри се речиси празни. Нашите трошоци и загуби растат од ден во ден, а бројот на вакцинирани, за жал расте со мала стапка.

Затоа, Ве замолуваме за поразличен пристап, каде ќе се обидете да ги разбереме граѓаните, да се обидете да разберете што стои зад ниските стапки на вакцинацијата во државата и да се обидеме да најдеме и друго, поефикасно решение, што ќе има поголемо влијание и ќе ги мотивира за промена на ставот. Наместо воведување на рестрикции за луѓето, одлуките на владата треба да ги мотивираат граѓаните и да се пронајде решение на овој проблем. Новите рестрикции имаат ограничено дејство и засега кај дел од луѓето предизвикува спротивен ефект од посакуваниот, што може да се предизвика поголем проблем.

Би сакале да побараме што поскоро укинување на рестрикциите за невакцинираните граѓани и што поскоро наоѓање друго, алтернативно решение. Нашата молба е во суштина повик за помош и разбирање, и е оправдана со нашите реални потреби и проблеми – ако ваквата ситуација продолжи и ако функционираме со драстично намален број на посетители, голем дел од трговците и брендовите ќе бидат приморани да ги затворат своите бизниси, што драстично ќе влијае на голем број вработени и нивните семејства, за кои секојдневната егзистенција ќе стане сѐ потешка и потешка.

Апелираме да се лоцира проблемот надвор од трговските центри и да се работи поодговорно и поинтензивно на стапката на вакцинирани, а не да се доведуваат трговците и вработените во незавидна положба. Стоиме на располагање за каква било соработка, помош и поддршка во борбата против Ковид-19, и се надеваме на разбирање на нашите ставови.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg