Дани Димитровска (42) е природна убавица без грам шминка на плажа во Грција – за неа „времето застанало“ (фото)
- Детали
- четврток, 19 август 2021
Нашата пејачка Дани Димитровска одлучи летово да оди на одмор во Грција на островот Тасос, од каде објави повеќе фотографии – на кои можеме да ја видиме без грам шминка.
Дани Димитровска (42) пејачката која плени со својот младешки изглед и убавина, но и со неодоливите сини очи, објави фотографии од одмор во црно бикини и бела кошула и покажа како изгледа без грам шминка.
„Не старееш“ – коментираа некои од следбениците до фотографиите што таа ги објави оттаму.
Дани уште еднаш покажа што е она што најмногу сака да го прави на плажа, па освен фотографиите што пленат со нејзината природна убавина, можеме да ја видиме и на една фотографија со книга.
Погледнете како изгледа Дани на плажа:
Б. С. Б. | Црнобело