Игор Ангеловски – Мрме: „Да бидеме професионалци, секој во својата област! Да ѝ веруваме на науката и медицината!“ (видео)
- Детали
- вторник, 27 јули 2021
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме под чие водство националниот дрес за прв пат заигра на Европското првенство 2021, ја поддржа националната кампања за вакцинација.
Меѓу другото, селекторот порача дека треба да и’ веруваме на науката и медицината, и дека тој лично се вакцинирал поради своето семејство и својот фудбалски тим, но и поради навивачите на македонската фудбалска репрезентација.
Минатата недела беше објавено видео во кое Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ – Дејвид Гир, професорот д-р. Никола Пановски, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно надминување на кризата предизвикана од Ковид19.
Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската Комора, Витаминка, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации.