Легендата за Црниот камен во Велес, пролеаната крв на монасите и лековитата вода – место со исцелителна моќ

Според народното верување, местото Црн Камен во близина на Велес има исцелителна моќ - народот смета дека оној кој има мака или болест, или жена која не може да има деца, треба трипати да помине под водопадот, да земе камче од карпата и да замисли желба за здравје. Следната година треба да дојде пак на истото место и да го врати каменот. Тогаш желбата ќе им се исполни. Верувате ли во овие легенди?

legendata-za-crniot-kamen-vo-veles-proleanata-krv-na-monasite-i-lekovitata-voda-mesto-so-iscelitelna-mokj-01.jpg

Света вода, манастири со чудотвори икони, камења со исцелителска моќ – низ целата територија на Македонија можат да се сретнат места и да се слушнат приказни за места, за кои народот верува дека имаат лековита моќ.

Во скопското село Кучково има лековита вода за очи за оние кои „од очи си патат“, во тетовското село Беловишта постои Петочко водиче, за кое се вели дека има лековита моќ, а жените кои не можат да имаат деца одат во манастирот во селото Орман каде се раскажува дека има чудотворен камен.

И во близина на градот Велес, постои место за кое постои народно верување дека има моќ да лекува и исцелува.

Облека закачена на дрвја 

Приказната за Црниот камен ја слушнав од мојата пријателка чиј сопруг е велешанец.

Таа вели чувството е чудно, и убаво и непријатно кога се посетува ова место. Според нејзините зборови, морничаво е да се гледаат сите парчиња облека, стари и нови, оставени по околните дрвја за здравје.

Местото наречено Црн Камен е оддалечено околу пет километри од градот Велес и е само неколку метри оддалечено до манастирот Свети Димитрија, во близина на влевањето на реката Тополка во Вардар.

Болни луѓе или жени кои не можат да останат бремени, се верува дека треба да го посетат ова свето место после Велигден, и тоа првиот петок попознат како Балаклија или источен петок, па сè до празникот Спасовден.

Многу верници кои го посетуваат Црн камен за свое и за здравје на блиските оставаат облека по околните дрвја.

legendata-za-crniot-kamen-vo-veles-proleanata-krv-na-monacite-I-lekovitata-voda -02.jpg

Трипати се поминува под водопадот

Според народното верување, оној кој има мака или болест, или жена која не може да има деца, треба трипати да помине под водопадот, да земе камче од карпата и да замисли желба за здравје.

Следната година треба да дојде пак на истото место и да го врати каменот. Тогаш желбата ќе им се исполни. Се верува дека овој водопад има исцелителска моќ.

Народот верува дека ако секне водата од водопадот додека се поминува, тогаш „нема чаре, лекот барајте го на друго место“.

legendata-za-crniot-kamen-vo-veles-proleanata-krv-na-monacite-I-lekovitata-voda_-03 (1).jpg

Црната боја е крвта на монасите

Старата легенда за моќта на Црн камен потекнува од трагична приказна.

Многу одамна на тоа место имало стар манастир кој бил уништен од турскиот аскер, а монасите кои живееле во него биле убиени и обезглавени.

Нивните тела биле оставени низ карпите, а крвта се пролевала. Од крвта каменот добил црна боја, па оттаму ова место, кое има лековита и чудотворна моќ се вика Црн Камен.

Парчињата облека кои висат во овој крај се доволен доказ за некои луѓе да веруваат дека оваа легенда е нешто повеќе од само уште едно народно верување, па имам слушано приказни дека жени кои со години не можеле да имаат деца останале бремени откако поминале под водопадот со света вода.

Дали има некаква вистина или е сепак само народно верување, проценете сами. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg