За една недела подигнато 181 непрописно паркирано возило од јавните површини

Скопје, 01.07.2021 година - Во текот на изминатата недела (24.06 – 30.06.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 181 возилo од јавните површини.

za-edna-nedela-podignato-181-nepropisno-parkirano-vozilo-od-javnite-povrshini-01.jpg

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 26 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 155  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 26 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Би можело да ве интересира:

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg