Шминка и фризура прават чуда – колку се промени Атиџе од „Медена земја“? (фото)
- Детали
- понеделник, 28 јуни 2021
Атиџе е жена која зрачи со својата внатрешна убавина, но не можеме да замижиме пред неверојатната стилска трансформација која ја доживеа.
Сузана Турунџиева е жената која во ниту еден момент не заборави на Атиџе и како вистинска пријателка поминува голем дел од времето со неа.
Од слободни активности како шопинг, разубавување и патување, до работни ангажмани, како и исполнување на соништата на Атиџе - создавање заедничка песна и снимање на спот за истата, тие се речиси неразделни.
Во последниот период имавме можност да ја погледнеме Атиџе во сосема поинакво издание од она во кое ја запознавме во документарниот филм Медена земја.
Во видео записот за нивната песна „Од Беќирлија до Битола“, кој се очекува да биде објавен наскоро, ќе биде прикажана трансформацијата на Атиџе.
Шминката и фризурата навистина прават чуда, но најважна е насмевката на лицето на Атиџе и среќата и задоволството кои таа ги чувствува.
Сузана на својот Фејсбук профил неодамна објави фотки од дотерувањето на Атиџе, а сега најави дека токму нејзината трансформација ќе биде во фокус во видео спотот.
Наскоро... Старата и новата Атиџе во нашиот прв спот за песната "Од Беќирлија до Битола" - напиша таа во објавата.
М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук - Сузана Турунџиева