Стилска трансформација: Атиџе со нов имиџ уживаше во викендот со Сузана Турунџиева и навиваше за Македонија
- Детали
- понеделник, 14 јуни 2021
Атиџе го започна изминатиот викенд со нова фризура и професионална шминка – беше на снимање на првиот спот со Сузана, а потоа заедно навиваа за Македонија на Европско.
Во последнава година Атиџе и Сузана Турунџиева многу се спријателија, па двете речиси постојано се заедно и уживаат во активностите и слободното време.
Овојпат, по повод снимање на нивниот прв заеднички видео спот, Сузе ја однесе Атиџе на разубавување.
Подготовките за снимање на нашиот прв видео спот за песната "Од Бекирлија до Битола" течеа со песна🎶🎵🎼❤ Огромно БРАВО👏👏👏 за вештите раце на Еми и Тео од најдоброто фризерско студио Соник💇♀️
Posted by Suzana Turundzieva on Friday, June 11, 2021
Со нов имиџ, Атиџе викендов беше фотографирана во ресторан, а потоа во домашна атмосфера заедно навиваа за македонските фудбалери.
Фотки од трансформацијата на Атиџе:
М. М. | Црнобело