Oд утре се укинува полицискиот час
- Детали
- вторник, 15 јуни 2021
Владата на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки, кои важат од 16 јуни 2021 година (среда):
Престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија;
Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите;
Се дозволува одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители;
Дозволено е организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега;
Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
Владата на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки,...
-->Posted by Венко Филипче on Tuesday, June 15, 2021