Успешно извршена 4-та трансплантација на срце во Македонија – срцето на 44-годишна почината пациентка повторно зачука
- Детали
- петок, 11 јуни 2021
Семејствата на починатите пациенти многу почесто ја покажуваат хуманоста и желбата да спасат животи во најтешките мигови, а македонските здравствени лица помагаат да подарат некому втор живот со вештите раце.
Во историјата на македонското здравство успешно е направена и четвртата трансплантација на срце, а донорот е 44-годишна пациентка, чие семејство се одлучило да спаси три животи.
Направена е трансплантација на бубрези и срце кај три пациенти, благодарение на семејството на починатата пациентка, кое ја покажа хуманоста на дело во најтешките мигови на загуба.
Срцето на починатата пациентка, утрово повторно започна да чука, а тим од 100-тина здравствени лица помогнаа да се спасат три нови животи.
На Фејсбук, министерот Филипче објави:
Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган.
Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот.
Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот.
Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. ❤️...
-->Posted by Венко Филипче on Thursday, June 10, 2021
Во трансплантацијата на срце учествуваа тимови од Државната кардиохирургија предводени од проф. Сашко Јовев и од приватната болница Жан Митрев, предводени од академик Митрев, како и анестезиолозите од КАРИЛ на чело со др Маја Мојсова, Националниот координатор за трансплантација. Благодарност до колегите од сите клиники кои оваа долга ноќ работеа заедно со неверојатна посветеност. Здравствените работници се пример за тимска работа и соработка. За само една година имаме четири трансплантации што е неверојатен успех за македонското здравство.
Во трансплантацијата на срце учествуваа тимови од Државната кардиохирургија предводени од проф. Сашко Јовев и од...
Posted by Венко Филипче on Friday, June 11, 2021
M. M. | Црнобело