Над 1650 оџаци нема да загадуваат следната зима - Заврши повикот за субвенции за инвертери
- Детали
- среда, 19 мај 2021
Скопје, 19.05.2021 година - Градот Скопје ги информира граѓаните дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се исцрпени.
Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.
Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 1 656 пријави.
Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2021 година, до завршувањето на повикот на 01.11.2021 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн.
Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.