82-годишен Македонец дава мудри совети како треба да се чувате во животот
- Детали
- среда, 19 мај 2021
Дедо од Делчево, пензиониран наставник, направи листа со 10 правила како да се чувате во животот и која е неговата тајна за долговечноста.
Македонската дизајнерка Антонија Ристовска сподели мудри совети за животот од нејзиниот 82-годишен татко, кој е пензиониран наставник.
„Мојот татко Никола е во 82-та година и многу често нѐ советува и ни вика: „Здравјето се чува, не се купува“. На прашањето: Како се чува? ми даде мудри одговори. Тој набројува, а јас ги запишувам“, напиша Антонија на својот Фејсбук профил.
Препораки – рецепт за чување на здравјето од мојот татко Никола затоа што „Здравјето не се купува“, напишан на 16.05.2021 во Делчево:
Помалку работа, ама успешна, а повеќе одмор.
Да живеам секогаш без нервоза. Нервозата го коси човекот.
Разговорот да тече со разбирање, без конфронтации.
Правдата зборува, а неправдата вика (секогаш да се зборува смирено).
Никогаш не го ставај егото пред себе.
Фото: depositphotos
И кога сум во право треба да молчам.
Секогаш да живеам во добро расположение.
Секој добар збор рани лекува.
Добро јело (јадење) чува тело.
Сето тоа да се спреведе во секојдневниот живот.
Мојот татко Никола е во 82-та г. и многу често не советува и ни вика: "Здравјето се чува не се купува". На пршањето:...
Posted by Antonija Ristovska on Tuesday, May 18, 2021
С. С. | Црнобело