Туна објави фотки од бременоста, Дарко Илиевски - романтичен за роденденот на сопругата во САД: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 17 мај 2021
Перо Антиќ со синовите со маски на спортски натпревар, Туна Сејдиу совршена трудница, Марјана Станојковска во заводливо бикини издание, водителката Ведрана Ѓорѓевиќ вежба на кеј - македонската естрада на Инстаграм деновиве...
Пејачката Туна Сејдиу неодамна се реализираше по вторпат во улогата на мајка, таа го доби синот Зен. Во текот на бременоста македонско-албанската ѕвезда не објавуваше фотографии од бременоста, но отпосле објави видео како изгледала забавата по повод откривањето на полот на дететото, а сега и фотосесија од трудничките денови.
Пејачот Дарко Илиевски, пак, кого љубовта го одведе во САД, со фотографија со сопругата и синчето на романтичен начин ѝ го честиташе роденденот на сопругата.
„Поминуваат години и ти секој ден си сѐ подобра и подобра, мајка, жена и пред сѐ човек. Но како и да е, ти за мене секогаш ќе бидеш она дете мое, дете најубаво! Фала ти што си совршенство мое. Среќен роденден душо! Јас и Матео те сакаме мноооогу!“, напиша романтичниот Дарко.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Туна Сејдиу
Дарко Илиевски
Тони Михајловски
Ведрана Ѓорѓевиќ
Васил Гарванлиев
https://www.instagram.com/p/CO50h2-Lyrn/