Позира во носија, гали јагниња: Александра Шијакоска нѐ потсетува на убавината во животот на село
- Детали
- сабота, 08 мај 2021
Од стомни вода до ливади со коњи, од милување со зајчиња до прекрасна народна носија... Убавината на руралниот живот преку фотките на Александра Шијакоска.
Александра Шијакоска од Битола има повеќе од 41.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил. Таа најчесто презентира модни комбинации преку совршено одбрани кадри, но овојпат ја гледаме во едно поинакво издание.
Битолското „чупе“ облечено во носија преку фотографии нѐ носи во селото Маловиште и ни ја прикажува убавината на руралниот живот.
Од јајца до зајчиња, таа со насмевка ужива во миговите минати на село. Вистинска идила, зарем не?
Нејзините фотографии на совршен начин ја доловуваат убавината на македонските села:
С. С. | Црнобело