„Сѐ уште не ми треба ботокс“ - Елена Ристеска го прослави 35-тиот роденден со уникатен подарок од другарките (фото)
- Детали
- среда, 28 април 2021
Со сина посна торта со пеперутки и најблиските другарки, Елена Ристеска славеше на отворено. „И како старееш така кругот на пријатели се намалува. Но, мене ми е доволно“, напиша таа во емотивната објава на Инстаграм.
Ден пред роденденот Елена Ристеска се пофали дека од блиска пријателка добила букет од омиленото цвеќе јоргован, а пак на самиот ден, вчера (27.04) пејачката славеше на тревник на отворено со другарките.
Со сина торта со пеперутки, своите сакани покрај себе и насмевка на лицето Елена го прослави 35-тиот роденден.
„Пријателството е како цвеќе, колку повеќе го полеваш, толку повеќе расте. И како старееш така кругот на пријатели се намалува. Но, мене ми е доволно.
Моите најдобри другарки на овие фотографии ми го направија роденденот хармоничен суши ден, јадевме посна торта поради велигденските пости и ми дадоа прекрасен подарок, грамофон на кој конечно можам да ги пуштам моите грамофонски плочи и конечно ќе можам да ја слушам мојата плоча „Доста“ на него.
На овие фотографии не се присутни сите мои пријатели, но ги сакам и нив. Не беше возможно да се направи поголема забава поради ситуацијата со короната.
Ви благодарам на сите за роденденските желби и иако се обидов не можам да ви одговарам на сите затоа што има стотици пораки. Времето што го минавте да ми го напишете секој збор за мене значи многу.
Денес имам 35 и сѐ уште не ми треба ботокс, можеби догодина“, напиша Елена.
Фотки од роденденската прослава:
С. С. | Црнобело