Македонка е Инстаграм хит со драстичната трансформација - шминката прави чуда
- Детали
- понеделник, 26 април 2021
Зои Блаж открива како немала финансии за да го следи својот сон, но не се откажала. Денес таа работи како шминкерка и презентира драстични пред и потоа трансформации на Македонки.
Зои Блаж веќе со години се занимава со шминкање, а сега на својот Инстаграм профил откри како започнала и од каде желбата.
Нејзината објава гласи:
„Од мала многу сакав да се шминкам и сакав да шминкам убави жени ... И велев на мајка ми ајде да отвориме салон кога нема да сум на училиште јас ќе работам, се сеќавам бев 7 одделение.... Сакаа да ми ја исполнат таа желба, но нажалост немавме толку финансии за тоа...
Јас не се откажав од таа љубов и само учев, гледав видеа и секогаш си викав еден ден јас ќе имам свој салон ќе доаѓаат и излегуваат многу среќни и насмеани жени , тоа и се случи.
Многу сум горда на себе што не се откажав и ми се оствари таа желба и тој сон... Верував во себе и многу работам на тоа да сум сѐ подобра и подобра, но немаше да биде сѐ тоа така ако и вие не верувавте во мене , многу сум ви благодарна што ми се доверувате и верувате...
Имам да пишувам уште многу. Се надевам ќе заврши ова што побрзо и повторно ќе се разубавувам. Ве сакам“, порача Зои Блаж.
Во продолжение уште неколку пред и потоа споредби од нејзините магични раце:
С. С. | Црнобело