Првата дама на Хрватска се појави со накит направен од македонска дизајнерка
- Детали
- понеделник, 26 април 2021
Македонката Ивана Кнез стана хит во хрватските медиуми поради впечатливиот ѓердан кој го креираше за првата дама на Хрватска.
Фото: Инстаграм Ивана Кнез
Maкедонија дефинитивно има талентирани луѓе, а сега за една од нашите дизајнерки јасно и гласно слушна и регионот, откако првата дама на Хрватска, Сања Мусиќ Милановиќ, се појави со впечатлив ѓердан кој е креација на Ивана Кнез.
Нашата дизајнерка со масивниот накит ја закити црната комбинација на сопругата на претседателот на Хрватска.
„Имав чест и привилегија да создадам парче накит за префинета дама, која на свој единствен и уникатен начин го прикажа при појавување на овогодишната изложба за промовирање на делото на хрватските архитекти.
Прекрасната прва дама на Хрватска Сања Мусиќ Милановиќ.
Огромна благодарност за довербата и дадената шанса, како и за поддршката од хрватските медиуми“, се огласи Ивана Кнез на својот Инстаграм профил.
Повеќе фотки од Ивана Кнез и нејзините креации:
С. С. | Црнобело