Колку помало, толку почисто - Град Скопје со кампања за чисти излетнички места

Скопје, 25.04.2021 година - Со затоплувањето на времето се зголемува и атрактивноста на популарните излетнички места во и околу Скопје. Градскиот парк, Водно и другите дестинации за прошетка на граѓаните стануваат омилени локации кои речиси секој викенд се преполни со посетители.

kolku-pomalo-tolku-pochisto-grad-skopje-so-kampanja-za-chisti-izletnichki-mesta-01.jpg

Исто така, овој период, бидејќи не работат угостителските објекти, популарните скопски излетнички места се со значително зголемен број на посетители, а со тоа се зголемува и количеството на отпад на јавните отворени простори.

Иако сите локации се опремени со неопходниот број на корпи за отпад и редовно се чистат, сепак понекогаш поради големата фреквенција на посетители, тие корпи бргу се полнат, што резултира со отпад паднат и расфрлен околу веќе полните корпи, кој најчесто се состои од пластични шишиња, пластични чашки за сок или хартиени чаши за кафе.

Со цел да направиме разлика и заеднички да придонесеме за почиста средина за нас и за нашите деца, Градот Скопје спроведува кампања „Колку помало, толку почисто“.

Пред да го фрлите, најпрво убаво исцедете го шишето или чашката што сте ја користеле. На овој начин корпите не се полнат со течности. Потоа, едноставно згмечете го и тогаш фрлете го во корпата за отпад. На овој начин, во корпата останува повеќе слободен простор што значи многу помалку отпад расфрлен околу неа.

Само доколку заеднички ја подигнеме свеста за нашата околина, можеме да направиме разлика. Затоа, да бидеме совесни и одговорни и да го одржуваме Скопје чисто.

kolku-pomalo-tolku-pochisto-grad-skopje-so-kampanja-za-chisti-izletnichki-mesta-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и снег на повисоките места“ „Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и наве...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg