Што уште освен протеин внесуваме со млекото?

Општо познато е дека млекото нè снабдува со протеини со целосна биолошка вредност.

shto-ushte-osven-protein-vnesuvame-so-mlekoto-01.jpg

Млечниот протеин ги содржи сите потребни аминокиселини кои не може да се создадат во организмот, туку се внесуваат заедно со храната, а во процесите на организмот се користат речиси целосно, од 95 до 98%. Затоа се неопходни за раст, развој и регенерација на ткивата. Исто така, маснотија од млекото односно путерот е најлесно сварлива од сите други масти.

Покрај протеинот, млекото содржи уште голем број состојки кои се, исто така, потребни за континуиран процес на раст, развој и одржување на организмот.

Нутритивната и заштитна вредност на млекото и млечните производи произлегува и од богатството на калциум, од витамините А, Д и Б комплекс. Затоа, како најдобар извор на калциум млекото и млечните производи се неопходни за раст на децата, за спречување фрактури на коските кај постарите лица и за брзо и правилно заздравување на коските по повреда. Калциумот е од суштинско значење за осификација на коските и формирање на забите, а односот на калциумот со фосфорот во млекото има висок процент на искористеност. Токму витаминот Д, кој е клучен за целосна апсорпција на калциумот од млекото, не дозволува при другите процеси во организмот каде е потребен овој минерал да се црпи од коските и на тој начин да доведе до нивно осиромашување и кршливост.

Основниот состав на млекото има силна нутритивна вредност и богатство од хранливи материи, но млеката со дополнително збогатен состав како што е Битолското млеко со 10 витамини, уште повеќе го снабдува организмот со толку потребните витамини и минерали. Витамините А, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12, Е и Д3 присутни во ова млеко се во сооднос што најмногу одговара на дневните потреби на организмот.

Сето ова придонесува млекото да е важен фактор во исхраната на сите возрасти, кај децата и младите за зајакнување на општата здравствена состојба на организмот и за зацврстување на коскената маса, а кај старите лица, за превенирање многу заболувања поврзани со возраста, за полесно и побрзо опоравување од болест и за одржување виталност на организмот.

Би можело да ве интересира:

Скопјани помогнаа семејство да го најде изгубениот папагал и уште 5 вести што нè израдуваа оваа неде... Македонки најавија акција во која ќе сплетат 250 капи, шалови, ракавици, елечиња...
Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто? Лепче со паричка се крши за Василица или за Бадник? Ова е прашање за коешто се д...
14-годишните Ана и Ивона од Радовиш помагаат на лица со посебни потреби: „Научивме дека секој може д... „Со нас работат и волонтираат и лица со посебни потреби. Со тоа научивме дека се...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна За помалку од 24 часа, откако родителите Трајче и Васка Панови испратија апел за...
Кристина Димитри за односот со бившиот сопруг: „Син ми нема полубрат, ниту брат – фамилијата е таа с... „Фамилијата е таа со која растеш“ – рече Кристина Димитри на прашањето дали Дани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg