Ребека: „Ако децата на 7 години играат Мајнкрафт или Фортнајт на Плејстејшн, што ќе играат на 12?
- Детали
- вторник, 09 март 2021
„Трајте и не кажувајте колку е тешко да се излезе на крај со децата. Со децата треба да се излезе на почетокот, а не на крајот...“, порачува Ребека која е мајка на 3 деца.
Ребека Јанковска Ристески е мајка на 3 деца која секогаш отворено ги изнесува своите ставови.
Овојпат таа отворено говори за видео игрите со несоодветна содржина, според неа, кои родителите им дозволуваат да ги играат на децата од најмала возраст.
Нејзината објава на Фејсбук, која поттикна дебата, гласи:
„Трајте и не кажувајте колку е тешко да се излезе на крај со децата. Со децата треба да се излезе на почетокот, а не на крајот... Ако децата на 7 години играат Мајнкрафт или Фортнајт на Плејстејшн, што ќе играат на 10, 11, 12...?
Самата содржина на игрите не е препорачлива за нивна возраст. Што е тоа што сакате да го развиете и потенцирате кај децата со овие игри? Не можам да разберам како се согласувате деца од 6, 7 години и помали да ги играат овие игри?
На секој школски одмор се разговара за овие игри. Има еден куп теми и игри кои треба да ги интригираат во оваа возраст. Во тие разговори не можат и не знаат како да се вклучат моите деца. На нив им е сето тоа чудно. А и на мене да бидам искрена.“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com