Венко Филипче: „Предложивме полициски час во цела држава, мора да се спречи неконтролираното ширење“
- Детали
- понеделник, 08 март 2021
Министерот Венко Филипче објави дека е предложено воведување на полициски час на територија на цела држава од оваа среда, заради неконтролираното ширење на ковид-19.
Неговата објава:
Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.03). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19.
Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи...
Posted by Венко Филипче on Monday, March 8, 2021