Наставничка по ликовно од Скопје им даде креативна задача на учениците - резултатот е воодушевувачки
- Детали
- среда, 20 јануари 2021
Со задачата по ликовно на тема „Облечи се како познат сликарски портрет или позната личност“, наставничката Касиопеја Наумоска од Скопје им дала шанса на своите ученици да ја покажат нивната креативност.
Касиопеја Наумоска дефинитивно е наставничка која е вљубена во својата професија. Таа предава ликовно во основното училиште „Круме Кепески“ во Скопје, а на своите ученици им дала задача со која имале можност да ја покажат нивната креативност.
Касиопеја побарала од учениците да се облечат како познат сликарски портрет или позната личност, а кога ќе ги видите фотографиите, ќе ви стане јасно дека децата сигурно ги надминале нејзините очекувања.
Проектот на оваа наставничка докажува дека децата се креативни генијалци, а потребен им е само поттик за да го покажат тоа.
Фотографиите од проектот се објавени на официјалниот сајт на училиштето, а можете да ги погледнете и во продолжение:
Спирова С. | Црнобело