Македонски доктор и инфлуенсер од Германија ја прими вакцината за ковид-19 - открива детали од процесот на Инстаграм
- Детали
- среда, 13 јануари 2021
И додека сѐ уште траат дебатите за или против вакцината на BioNtech/Pfizer, македонски доктори од земјите низ светот почнаа да ја примаат. Доктор Горан од Германија го пренесува своето искуство...
Доктор Горан Трајковски од Македонија работи како доктор интернист во Германија. Тој секојдневно споделува детали од својот работен ден, но и од приватниот живот на Инстаграм и има повеќе од 27.000 следбеници.
Доктор Горан е меѓу првите Македонци што ја прими вакцината на BioNtech/Pfizer и објави видео од процесот на примањето.
Во описот на видеото тој открива детали од процедурата:
„Денес ја добив првата доза од вакцината на BioNtech/Pfizer за SARS-COV2 вирусот. Се работи за mRNA вакцина.
Добив многу прашања од вас за приказните кои кружат околу вакцината и мое мислење за тоа.
Сериозни краткорочни несакани ефекти специфични за вакцинава досега не видовме, за долгорочни сè уште е рано да се каже. Иако е ова прва mRNA вакцина која се користи кај човекот, технологијата/истражувањето зад вакцината е скоро 6 децении старо.
Според мене изборот е следниот: или ќе ги пробам шансите со тоа што ми го нуди модерната медицина или пак ќе си ги пробам шансите со Ковид-19. А од тоа што го видов во последнава година работа на ковид-интензивниот оддел (не само кај постари туку и кај млади особи) пре би го земал ризикот кој го носи вакцината...
Се надевам на добар исход.
После една недела се очекува околу 52% заштита. 1 недела после втората доза 95% заштита.“
С. С. | Црнобело