Може ли храната да биде лек и во кои случаи?

Нашето здравје во голема мера зависи од она што го внесуваме во организмот, каков живот водиме и секојдневните навики.

mozhe-li-hranata-da-bide-lek-i-vo-koi-sluchai01.jpg

Изборот на храна и намирниците што ги внесуваме најмногу влијаат на здравствената состојбата, внесените елементи учествуваат во позитивните процеси и воопшто во добрата работа на органите. При внесување ваква храна превентивно се влијае со тоа што се зајакнува одбраната на организмот од разни заболувања. А храна што ги има овие одлики и чие консумирање влијае врз процесите во организмот што ја поттикнува здравствената состојба, е така наречената функционална храна. Како функционална храна односно прехранбена состојка, намирница се нарекува онаа што покрај основната нутритивна вредност, со својот специфичен состав овозможува и здравствена придобивка за организмот. Тоа го прави пред се преку директно зајакнување на имуниот систем и со стимулирање на функционирањето на органите и животните процеси во организмот.

Оваа храна најчесто е богата со витамини, минерали, растителни влакна и слично, состојки кои се неопходни за правилно функционирање на организмот. Исто така, во составот на функционалните храни влегуваат и пробиотиците, затоа и млечните производи посебно пробиотските јогурти како што е Баланс+, се сметаат за функционална храна. Функцијата на пробиотиците е во обезбедување чиста, избалансирана цревна флора, што е многу важно затоа што вирусите и бактериите прво го напаѓаат дигестивниот тракт и се населуваат во цревата.

Иако јогуртот е природен извор на пробиотици, Баланс+ се препорачува како дел од урамнотежена и квалитетна исхрана, затоа што ги содржи двете пробиотски култури (LA5 и BB12) како и влакната олигофруктоза, кои се исклучително важни за зголемување на бројот на добрите бактерии. Исто така, го снабдува организмот и со микроелементи како витамините Б2 и Б12 и минералите калиум и магнезиум и макронутриенти, вклучувајќи протеини и масни киселини, важни за дигестивниот тракт. На тој начин, со консумирање на овој јогурт, превентивно се влијае на правилното функционирање на дигестивниот систем. За овој јогурт спроведено е и клиничко испитување со кое се потврдува дека со 10 дена редовно консумирање го забрзува метаболизмот и ги решава проблемите со варењето.

Сепак, покрај овој единствен состав, Баланс+ приоритетно го снабдува организмот и со елементи кои се клучни и секојдневно потребни за организмот како големо количество калциум, неопходен за одржување на густината на коските и нивно зајакнување, како кај децата така и кај возрасните.

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Перо Антиќ и Сања Ристиќ со синовите на одмор во Анталија: Гледаат ајкули, хранат риби, пливаат во б... „Те сакам“ – му порача Сања Ристиќ на нејзиниот партнер Перо Антиќ со кого во мо...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Моќна објава на Македонка: „Ми го исмејуваа детето на училиште затоа што носи храна од дома и има по... „Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, бе...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Кристина Арнаудова ужива во шармот на Италија со семејството: Историја, вкусна храна, забавни парков... Иако ова не ѝ е прва посета на Италија, Кристина Арнаудова не го криеше своето в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg