Инстаграм vs. Реалност: Јелена Спенџарска открива - сѐ е до позирањето и аглите
- Детали
- вторник, 29 декември 2020
„Би сакала да ја завршам оваа година со еден пријателски потсетник дека она што го гледате на инстаграм НЕ Е секогаш реално!“, вели Јелена Спенџарска.
Водителката Јелена Спенџарска е доста активна на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 36.000 следбеници.
Сега, таа се приклучи кон трендот на светските инстаграмџики со објава да прикаже дека во реалноста не е сѐ така совршено како на Инстаграм.
Таа заедно со нејзините совршени Инстаграм фотки ги прикачи и оние спонтаните кои настанале при фотографирањето, оние на кои нема совршен израз на лицето или правилна поза на телото.
Нејзината порака гласи:
„Би сакала да ја завршам оваа година со еден пријателски потсетник дека она што го гледате на инстаграм НЕ Е секогаш реално!!
Позирањето и аглите се EVERYTHING!!!!!
Опуштете се и уживајте во сите ваши несовршености, сите ги имаме само што ретко кој ги покажува.
Го започнувам овој серијал на insta vs reality со кој сакам да ви покажам дека сите имаме свои мани, недостатоци и комплекси и НЕ треба да се срамиме од тоа! Секој од нас е различен и убав на свој начин и баш тоа ни е најголемото богатство!!!
За секој еден кој го чита ова и има лош ден: you are beautiful.“