Инстаграм vs. реалност – инфлуенсерка ја прикажува вистината зад совршените фотки
Една девојка од Тајланд која е модел прави забавни фото-споредби со кои открива што се случува зад нејзините совршени фотографии.
Веќе на сите ни е јасно дека Instagram е место каде што сите се обидуваат да се прикажат во совршено светло.
Истовремено, неретко забораваме дека работата на инфлуенсерите е да прават совршени Instagram фотки, па многу луѓе го споредуваат својот живот со нивниот, а ова прави да се чувствуваат лошо.
За среќа, сè повеќе инфлуенсери се обидуваат да ни ја покажат и реалноста зад нивниот „онлајн живот“, докажувајќи дека совршенството сепак не постои.
Истото го прави и една девојка од Тајланд која е модел. Младата девојка, позната како Виенадол, објавува фотографи како и секоја инфлуенсерка, но објавува и смешни фотографии на кои открива како изгледа во реалноста.
Како и многу други, и таа користи разни алатки за уредување на фотографиите, но ги објавува и фотографиите на кои изгледа како и секоја нормална девојка.
Погледнете дел од најинтересните фотографии од нејзиниот „Instagram vs. реалност“ проект: