„Без компас“: Марко и Бомбакис со нова емисија
- Детали
- сабота, 26 декември 2020
На македонската сцена се подготвува нова емисија под наслов „Без компас“ каде во главни улоги, односно водители ќе влезат Марко Новески и Кристијан Станковски или подобро познат како „Бомбакис“.
Емисијата ќе биде од забавен карактер каде гости ќе им бидат имиња од домашната, но и балканската сцена.
„Многу сум среќен што оваа година ќе ја завршиме со една убава мисла, со нова креација која постепено, но сигурно влегува во реализација, па морам да кажам дека навистина ми е предизвик да бидам дел од еден ваков проект и тоа заедно со легендарниот Марче“, вели Бомбакис, а Марко додаде: „Исто и мене ми се засили желбата за нова идеја и емисија. Мислам дека вакво нешто многу недостига на нашата сцена и ќе направи простор да има секој по нешто убаво да си каже, а верувајте ми и да се насмее. Со нас двајца и не може поинаку да се помине“, вели Марко.
Ток шоуто ќе трае еден час каде публиката освен што ќе има можност да ги запознае водителите од еден поинаков агол и да дознае некои интересни факти за познатите, ќе може да ужива и во изведбите на најдобрите македонски песни придружени од бенд.
Повеќе информации многу наскоро.