Кога храната значи здравје и лек

Кога станува збор за исхраната и хранење на организмот, не секоја храна снабдува со потребната енергетска вредност што овозможува подобро развивање на организмот и подобра функција на сите биолошки процеси. А дел од храната може да биде дури и штетна за организмот.

koga-hranata-znachi-zdravje-i-lek-01.jpg

Но постојат и оние супер хранливи намирници коишто покрај што го снабдуваат организмот со потребните нутриенти, обезбедуваат енергија за одвивање на сите биолошки и хемиски процеси, исто така, имаат и друга функција, односно со својот специфичен состав и хранлива вредност придонесуваат за поголемо здравје и за засилување на животните процеси. Оваа храна, што покрај хранлива обезбедува и здравствена придобивка, се нарекува уште и функционална храна. Нејзината дополнителна функција е во спречувањето болести и поттикнување на здравјето.

Така, функционалната храна дефинирана како храна или прехранбена состојка која покрај традиционалните нутриенти кои ги содржи може да обезбеди и здравствена корист, станува се позначаен дел секојдневната исхрана. Иако постојат функционални храни од растителни и од животински потекло, храна со здравствени придобивки којашто може лесно да се вметне во секојдневното мени, е сепак функционалната храна од млечни производи.

Функционалната храна од преработени млечни производи содржи состојки кои ги помагаат специфичните функции во организмот, покрај тоа што се хранливи. Пример, јогуртот Баланс+ поради специфичниот состав позитивно влијае на постигнување дигестивна рамнотежа во организмот. Општо е познато дека дигестивната рамнотежа е исклучително важна и е предуслов за општата здравствена состојба на нашето тело, којашто најдобро ја одржуваат пробиотиците присутни во функционалниот јогурт. Повеќе докази ја поддржуваат улогата на пробиотиците во намалувањето на ризикот од штетните бактерии да се населат во дигестивниот тракт и цревата, и со тоа спречува организмот да биде нападнат од вируси и настинки.

Она што го издвојува Баланс+ јогуртот од другите млечни производи е тоа што придобивките од неговото позитивно влијание врз процесите на организмот се потврдени со клиничка студија. Според неа, по само 10 дена редовно консумирање по 500 гр јогурт на ден, се постигнува значително ниво на напредок, а редовното внесување го одржува ова ниво на долг рок. Сепак, придобивките од пробиотскиот Баланс+ јогурт произлегуваат и од со големото количество на калциум со кој го снабдува организмот а кој е важен нутриент клучен за одржување на густината на коските, нивно зајакнување и спречува појава на остеопороза.

Нема сомнение дека млечните производи се функционални храни. Тие се еден од најдобрите извори на протеини, добри бактерии, калциум, а ферментираните, пробиотски јогурти уште повеќе го потврдуваат значењето на храната за организмот.

Само во вакви случаи и со правилен избор, храната вистински може да биде извор на здравје па дури и да замени лек, а изреката "нека храната биде ваш лек, а лекот ваша храна", добива реална потврда.

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Најубавите пораки за Божиќ што можете да им ги испратите на блиските Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во раб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg