Емотивна исповед на Тајзи: „На 18 години имав страшна операција и бев на работ да го изгубам мојот живот“

„Во тие моменти се молев на БОГА да не им го прави тоа на моите родители и да ми даде уште една шанса. После таа операција ништо не беше исто, а јас почнав да пеам и да пишувам…“, открива Тајзи во својата емотивна исповед.

emotivna-ispoved-na-tajzi-na-18-godini-imav-strashna-operacija-i-bev-na-rabot-da-go-izgubam-mojot-zhivot-01.jpgфото: Инстаграм Tyzee

Драган Величковски Тајзи од Куманово веќе десет години функционира на македонската естрадна сцена.

Вчера (21.12) тој го прослави својот 33-ти роденден, најави дека 2021-ва година му е јубилејна затоа што крунисува 10 години функционирање на естрадата и напиша емотивна исповед на Инстаграм.

„Роден сум на 21.12 и денес полнам 33 години.

2021-ва година ми е јубилејна, 10 години активна музичка кариера, па би сакал да споделам нешто со вас. На 18 години имав страшна операција и бев на работ да го изгубам мојот живот. Во тие моменти се молев на БОГА да не им го прави тоа на моите родители и да ми даде уште една шанса. После таа операција ништо не беше исто, а јас почнав да пеам и да пишувам…

Не знам уште колку ќе сум тука, но додека моето срце чука ќе трае мојата борба за подобро утре, а после тоа ќе останат моите текстови!!!

ДОЛЖЕН сум да ви се обратам и да ви ја кажам ВИСТИНАТА.

Тоа е мојата МИСИЈА.

Спремам албум во кој ќе чуете сè што сакам да ви кажам.

Се надевам иако поминуваме низ многу тежок период за сите нас, дека ќе успеам да го реализирам во 2021.

„Твое е да ги натераш повторно да поверуваат во мене, во љубовта и во вистината, а јас ќе ти дадам светлост да го осветлиш и најтемното ќоше“.

МАКЕДОНИЈА раѓала многу СИНОВИ … Пејачи, уметници, спортисти и големи луѓе и ќе раѓа …

Такво е нашето СЕМЕ што повеќе го газиш надоле накај земјата р’ти и расне уште повисоко накај небото.

Ние не знаеме да мразиме зошто сме правени со љубов, а не од интерес. Ви благодарам за сите пораки и убави зборови ми ја расплакавте душата …

БОГ да ја благослови мојата земја и мојот народ

Ве сакам“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Емотивна објава на татко на близнаци од Скопје: „За малку ќе се разделевме, мојата сопруга и јас“ „За малку ќе се разделевме, мојата сопруга и јас. За малку ќе потклекневме пред ...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg