Моника Потер 24/7 внимава на својот стил, прочитајте што им препорачува на девојките

Ако сакате барем за миг да посетите свет полн со харизматични авантури, вкусна храна и софистициран стил, сигурно сте го „ѕирнале“ Инстаграм профилот на блогерката Моника Потер. Таа е девојка која нѐ води низ разни содржини, магични авантури и дава позитивни критики.

monika-poter-24-7-vnimava-na-svojot-stil-prochitajte-shto-im-preporachuva-na-devojkite-01.jpg

Според неа, стилот на девојките треба да биде секојдневен предизвик, особено кога треба професионално да се претставиме. Дефинитивно Моника знае да ја претстави „златната средина“ на бизнис chic стилот по кој сите трагаме.

Од нејзиното последно патување во Турција на т.н. ATV авантура на зајдисонце во Кападокија со нејзината Springfield кошула, до аутфитот за после работа во must have панталоните, сигурно се согласувате дека таа знае да ги комбинира основните парчиња и да изгледа деловно во секој дел од денот.

monika-poter-24-7-vnimava-na-svojot-stil-prochitajte-shto-im-preporachuva-na-devojkite-02.jpg

Моника во моментов работи како маркетинг менаџер и вели дека секогаш ги наоѓа соодветните комбинации за секоја прилика, затоа што првиот впечаток е важен за неа.

monika-poter-24-7-vnimava-na-svojot-stil-prochitajte-shto-im-preporachuva-na-devojkite.jpg

„Првите впечатоци се најважни, затоа што кога соработувате со многу клиенти и агендата ви е динамична секогаш треба да сте во бизнис casual комбинација. За мене, поточно за мојот карактер, најважни се основните парчиња - удобни и добро скроени панталони и класични фармерки кои одат во комбинација со омилените џемпери и кошули во гардероберот.

Многу се важни и аксесоарите кои треба да ги имате во изобилие - секоја комбинација добива нов шмек со различни аксеасоари. Секојдневно експериментирам со разни бои особено во зима се радувам на Springfield омилената колекција, па затоа најчесто одбирам кошула со топол шал, фармерки со кратки чизми во комбинација со џемпер“ – искрено ни открива Моника Потер.

monika-poter-24-7-vnimava-na-svojot-stil-prochitajte-shto-im-preporachuva-na-devojkite-04.jpg

Особено важно е да го изберете брендот што му прилега на вашиот стил, затоа Моника се доверува на Springfield колекцијата со разиграни и лежерни бои, добро скроени панталони кои може да се комбинираат со сè, и најважно, додатоци кои додаваат шмек на стилот.

Само за вас, ние издвоивме неколку од нејзините зимски комбинации со парчињата достапни во онлајн продавницата на www.fashiongroup.com.mk и во продавниците на Springfield.

monika-poter-24-7-vnimava-na-svojot-stil-prochitajte-shto-im-preporachuva-na-devojkite-05.jpg

monika-poter-24-7-vnimava-na-svojot-stil-prochitajte-shto-im-preporachuva-na-devojkite-06.jpg

monika-poter-24-7-vnimava-na-svojot-stil-prochitajte-shto-im-preporachuva-na-devojkite-07.jpg

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg