CRNOBELO.com e Најдобар сајт за 2020-та во категорија Забава: „Горди сме и благодарни за довербата“

crnobelo-e-najdobar-sajt-za-zabava-za-2020-ta-gordi-sme-i-preblagodarni-za-doverbata-01.jpg

Вчеравечер (16.12) се одржа манифестацијата Сајт на годината, нормално во онлајн издание, како и најголемиот дел од работите во оваа луда и непредвидлива 2020-та, а CRNOBELO.com триумфираше во категоријата Забава.

Среде сето тоа непријатно лудило што ни го донесе оваа година, која најверојатно целиот свет ќе ја помни по лошо, ние останавме доследни на својата мисија да ви понудиме информативни, квалитетни, забавни и лајфстајл содржини, а вие го препознавте тоа и нѐ изгласавте за Најдобар сајт во категоријата Забава за 2020-та година.

Секое признание има големо значење, но ова прво место во оваа година ни е посебно драго и ни значи многу. Ова е признание за нашиот труд, за вложувањето во квалитетна содржина, за потрагата по интересни соговорници за интервјуа, за внесувањето на нови рубрики, за трудот сѐ да биде на највисоко можно ниво, и тоа во време кога бевме исправени пред огромни предизвици. 

Благодарни сме на целиот тим, кој беше вложен максимално да обезбеди и пренесе најнови информации во врска со моменталната пандемија, да ви ги доближиме најважните работи кои треба да ги знаете за ваша заштита од вирусот, да ви ги прикажеме случувањата низ градовите во светот, а истовремено се трудевме да не создадеме ниту малку страв и паника и да бидеме ваша поддршка во ова тешко време за многумина.

Беше голем предизвик во време кога преовладуваат лошите вести, да бидеме капка надеж, да ви понудиме информативна, квалитетна и забавна содржина, да ги издвоиме најубавите работи кои се случија во 2020-та и да пренесеме прекрасни реални приказни - содржина која ќе ви ја исполни секоја минута од денот и на момент ќе направи да заборавите на сите мрачни работи кои преовладуваа годинава.

По 12 години постоење, вие ни останавте лојални, стекнавме и многу нови читатели, а токму поради тоа ние останавме инспирирани да бидеме најдобри во тоа што го правиме.

Овој мал триумф за нас е голема работа, а секој ваш миг посветен на читање на содржините на нашиот сајт ни е мотивација да бидеме подобри. Ви благодариме од срце што нѐ изгласавте и ја препознавте нашата мисија.

Ние сакаме да бидеме вашето безбедно пристаниште каде ќе се ослободите од напливот на сета негативна енергија, која за жал кружи особено оваа 2020-та, сакаме заедно да ги надминеме предизвиците и во 2021-та да бидеме посплотени од кога било.

Во годината што претстои сакаме јасно и гласно да чуеме што сакате вие да читате кај нас, а наша мисија ќе биде да го реализираме тоа.

Продолжуваме со поставената задача преку нашите содржини да ги „посетите“ најубавите места низ нашата земја и светот, да запознаете луѓе кои имаат само убави зборови за Македонија, да се информирате за најновите пишани и филмски изданија, да ги тестирате своите знаења со квизови, да дознаете информации за животот на вашите омилени ѕвезди, да дознаете факти за животот во другите земји низ светот, па и да се инспирирате околу кулинарските зафати во кујната или „направи сам“ (DIY) проектите во вашиот дом.

Сакаме да бидеме вашето убаво катче, место кадешто ви се сервира доза позитива и од каде си „одите“ порелаксирани, поисполнети и побогати со информации.

Ве сака тимот на CRNOBELO.com и ви благодари за сета љубов и лојалност сервирани во оваа 2020-та, но и сите изминати години!

Би можело да ве интересира:

Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...
Анита од Берово се породи, откако докторите ѝ предвидоа 8% шанси за живот: „Софија е моето мало чудо... „Кога првпат ми ја ставија на градите плачев од среќа, бидејќи мислев дека после...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg